Балде заработи потешка повреда, паузира два месеци

164

Дефанзивецот на Барселона, Алекс Балде потешко се повреди на денешниот меч со Мајорка во претпоследното коло од Ла Лига. 19-годишниот фудбалер добил делумна руптура на страничните колатерални лигаменти на десното колено, поради што го чека пауза од скоро два месеци.

Алекс се повреди во 14. минута од натпреварот против Мајорка кога играчот од средниот ред на гостите, Амат Ндијаје имаше жесток старт, поради кој судијата Хорхе Фигуероа Васкез му покажа црвен картон на Ндијаје.

ПретходноЖиру за победа на Милан во Торино и потврда на местото во ЛШ (ВИДЕО)
СледноЧетврта година по ред: Бензема е најдобар Французин во Европа