Баражи: Тетекс го “торпедираше“ Осогово и остана во ВМФЛ, официјално второлигаши се и Башкими и Вардар Неготино!

3225

Попладнево се одиграа сите три бараж средби за пополнување на ВМФЛ. Познати се екипите кои следната сезона ќе играат во второлигашкото друштво. Тоа се Башкими (Куманово), Тетекс (Тетово) и Вардар (Неготино).

Тетекс на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје со 6:1 успеа да го победи составот на Осогово и да остане во Втората лига, значи тетовци со стил се изборија и следната сезона да играат во ВМФЛ и тоа на радост на своите верни и бројни фанови – Војводи.

На Градскиот стадион во Тетеово, составот на Башкими беше убедлив против Влазерими и успеа да победи со 3:0. Па така кумановци се вратија во ВМФЛ. Инаку овој меч на почетотокот беше во прекин од неколку минути поради тоа што на еден навивач му се слоши па мораше да интервенира и брзата помош.

Во Кичево, Новаци и Вардар Неготино одиграа 1:1, а по пеналите резултатот беше 3:4 по што тимот од Неготино се пласира во ВМФЛ.

Да кажаме дека за поразените не е се загубено. Утре или задутре ќе се прави ждрепка на која две екипи од трите поразени сепак од следната сезона ќе играат во ВМФЛ.

 

РЕЗУЛТАТИ

Башкими – Влазерими 3:0

Осогово – Тетекс 1:6

Новаци – Вардар (Н) 1:1(3:4)

ПретходноЛутон го има најмалиот стадион во Чемпионшип, а ќе игра Премиер лига (ВИДЕО)
СледноЕвертон се извлече, Лестер и Лидс се збогуваа со Премиер лигата