Верстапен издржа на ненадејниот дожд и триумфираше во Монако

116

Макс Верстапен ја оствари втората победа низ улиците на Монте Карло по денешната победа на Големата награда на Монако во седмата трка од сезоната во Формула 1 шампионатот. Холанѓанецот стартуваше прв по триумфот во квалификациите, а имаше контрола во првите 2/3 од растојанието, а потоа заврна дожд и патеката се поплави. Во тој момент настана хаос, а Холанѓанецот се изглизга и имаше удар во ѕидот меѓутоа успеа да го задржи водството.

Во тој хаос, Алонсо и Астон Мартин ја искористија својата шанса да го претркаат Верстапен, меѓутоа еден круг подоцна речиси сите возачи тргнаа во боксот да ги променат гумите и тоа го чинеше Алонсо повеќе од 10 секунди.

На крајот Верстапен заврши 27,9 секунди пред Фернандо Алонсо.

Третото место му припадна на Естебан Окон, кој стартуваше од третото место, за кого ова е прв подиум по победата на ГН на Унгарија во 2021 година. Четврти и петти финишираа возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

Возачите на Ферари имаа лош пласман. Леклер заврши шести, а Сајнц осми.

ПретходноНаполи прокоцка двојно водство, Лече со пенал до триумф против Монца
СледноНавивачите на Хамбургер славеа промоција во Бундес, а потоа дознаа дека не се пласираа