Германците претплатени на ЕХФ Европската лига: Фуксе Берлин е новиот освојувач

170

Германски Фуксе Берлин е освојувач на трофејот во второто по ранг европско клупско натпреварување, ЕХФ Европската лига. Во финалето на Ф4 турнирот германскиот тим славеше со 36:31 (16:12) против Грањолерс.

Само во првите 20 минути Каталонците, кои веќе ги победија германските состави Фленсбург и Гепинген, успеаја да им парираат на ракометарите од Берлин, но во финишот на првиот и комплетниот втор дел на мечот се беше во знакот на Фуксе.

За Фуксе Берлин ова е прв трофеј од ЕХФ Европската лига, а трет во клупската историја од второто по ранг ЕХФ натпреварување. Интересно, дури девет од десетте досегашни изданија на ова натпреварување ги освојуваа германски екипи.

ПретходноРоглич со триумф на Џиро д’Италија 2023
СледноШахтјор по 14-ти пат шампион на Украина