Барем такви се денешните информации од Тетово, кои велат дека 22. годишниот напаѓач од Шкупи се сели во Шкендија, како дел од големата реконструкција која што ќе се случи во овој тим летово.
Дориев ќе си замине затоа што му заврши договорот, а како замена ете се најавува интернационалецот од Сенегал.
Него јавноста во Македонија го запозна откако стана дел од Шкупи во контингентот африкански интернационалци кои пристигнаа на Чаир. И тоа како добро одиграа во Шкупи, освоија титула играа долго европско лето.
Сега, и таму дојде до смена на генерација, а Данфа е еден од оние кои си замина. Но, очигледно дека нема да оди предалеку туку ќе се пресели на стотина километри во Тетово.