Нашата женска ракометна селекција ги заврши своите настапи на ЕП на плажа кое се одржа во Португалија. Претрпен е уште еден пораз за конечен пласман на 16.место на евро шампионатот. Денеска Македонија загуби од Романија и тоа со 1:2 во сетови.
Првиот сет нашите ракометарки добро го одиграа и го добија со 16:14. Вториот сет Романките го добија со минимални 11:12, додека во пенал завршницата Романија беше подобра и победи со 1:2.