Милан и официјално на коло пред крајот на сезоната во Серија А го потврди своето место во Лигата на шампионите следната сезона. На гостувањето кај Јувентус вечерва во Торино, „росонерите“ славеа со 1:0 благодарение на голот на Жиру во 40. минута и дојдоа до 6 бода предност пред Аталанта на коло пред крајот на сезоната. Со тоа и формално, Италија следната сезона во ЛШ ќе биде преставувана од Наполи, Лацио, Интер и Милан.
Јувентус по вечерашниот пораз останува на 7. место кое води во Конференциската лига, но може да напредува и на некое од погорните места кои обезбедуваат пласман во Лигата на Европа. Се ќе се знае по последната рунда кога „старата Дама“ гостува кај Удинезе.
Goal Olivier Giroud . Juventus 0-1 Milanpic.twitter.com/ontG8MytDP
— FootColic ⚽️ (@FootColic) May 28, 2023