И МВР се огласи по повод скандалот на Детската лига: Две лица го тепале судијата!

1932

По се она што вчера се случи на Детската лига на терените на ФФМ, како што ексклузивно објави “Спортмедиа“, кога лица на Шкендија го тепале судијата Горан Милошевски, се огласи и Министерството за внатрешни работи во својот билтен.

Имено настанот се случич нешто пред 10 часот, а тепаниот пријавил во полиција по што имало поведено постапка. Инаку Милошевски завршил во болница.

А еве што велат од МВР:
На 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион “Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПретходноНавивачите на Хамбургер славеа промоција во Бундес, а потоа дознаа дека не се пласираа
СледноЧелзи има нов тренер – Покетино го презема кормилото