Меси испиша историја и го остави Роналдо зад себе!

361

Лионел Меси му го донесе 11. трофеј на ПСЖ во францускиот шампионат. Тој во ремито против Стразбур го постигна 496. погодок во најсилните европски лиги и со тоа го помина Кристијано Роналдо на оваа листа, кој сега има еден погодок помалку.

Аргентинецот овој гол го постигна во 59. минута, ја искористи асистенција од Килијан Мбапе за водство од 0-1. Противникот подоцна израмни на 1-1, резултат кој не се смени до крајот на натпреварот.

Меси, кој стана омразен во Париз, сега на овој клуб му донесе историја, сега „светците“ се најтрофејни во францускиот шампионат со 11 титули, една повеќе од Ст.Етјен.

ПретходноРаспад во Челзи: Играчите се успиваат за тренинг и сакаат да побегнат од клубот!
Следно18 години подоцна во Битола: Сегашните и новите прваци на едно место (ФОТО)