Наполи прокоцка двојно водство, Лече со пенал до триумф против Монца

107

Трите досегашни денешни мечеци од Серија А програмата завршија со две ремија и еден гостински триумф. Стартувајќи од оној почетниот во кој Верона и Емполи одиграа 1:1, предмалку сега веќе актуелниот шампион Наполи одигра 2:2 на гостувањето кај Болоња.

Осимен беше двоен стрелец за гостите и во 54. минута беше 0:2, за Наполи но шампионот не издржа. Фергусон и Де Силвестри изедначија до крајот за конечни 2:2. Елиф Елмас поради жолти картони не беше дел од овој меч.

Конечно, на гостувањето кај Монца, Лече со голот на Коломбо во единаесеттата минута од судиското продолжение од пенал обезбеди триумф од 0:1.

 

 

 

ПретходноМладинците на Македонија ЃП се шампиони
СледноВерстапен издржа на ненадејниот дожд и триумфираше во Монако