Јасно е дека секаде има скандалозни местенки во спортот, но она што се прави во Русија, а посебно во ММА навистина е чисто бербатење на спортот воопшто, да не кажеме некој потежок збор.
Ова што можете да го видите од видетото се случило на извесен турнир во ММА во Москва. Во рингот биле ветеранот Александар Емелианенко, попознат како брат на славниот Федор Емелианенко и извесен Јевгениј Ершов.
Прво Ершов го “милуваше“ ветеранот со удари кои повеќе беа “терање на воздухот“ за да овој падне како покосен и судијата стави крај на борбата. Сепак немаше крај, на Емилианенко и на Ершов им текна да ја продолжат борбата, па потоа по еден зафат ветеранот ја искористи ситуацијата иако беше во безнадежна положба, и успеа да победи. И тогаш судијата означи, по вторпат, крај на борбата.
Невиден циркус, невидена местенка, ова го има само во Русија, вакво бербатење на спортот досега не е виден во светот.
Погледнете и “уживајте“…
So, this just happened in Russia.
A vlogger TKOs Aleksander Emelianenko, the ref steps in and stops the fight. But the vlogger says "Nah, why? Let's keep it on!", then shots and takedown and gets submitted?
Couldn't have been more fixed.
(h/t @pelunaton pic.twitter.com/vZMKtwZkgX
— Al Zullino (@phre) May 26, 2023