Смртни закани за фудбалерот кој наводно го „намести“ Ван Нистелрој во ПСВ

3222

Фудбалерот од средниот ред на холандски ПСВ, Џои Верман добил смртни закани во текот на оваа недела. Истите стигнале затоа што се верува дека Верман е еден од играчите кои биле незадоволни од Руд ван Нистелрој како тренер, што на крајот доведе до тоа тој да го напушти клубот.

„Многу работи се напишани и кажани, а јас сум изненаден од тоа. Всушност, оваа беше само гадна недела. Тоа е неверојатно. Јас и моето семејство добиваме закани. Мојот агент требаше исто така добива закани. Му испратив на Руд порака пред два дена и му посакав среќа. Му нагласив дека тоа што се пишуваше во медиумите за мене едноставно не е вистина. Се надевам дека ќе станам татко за петнаесет недели“, изјавил Верман.

ПСВ оваа сезона ја заврши на второто место.

ПретходноПо 7 години, Гереиро си замина од Борусија (Д)
СледноНемири во Шведска: Навивачи влегоа на терен, полицијата ги бркаше со кучиња (ВИДЕО)