Три бараж дуели за пет места во ВМФЛ!

670

Попладнево од 17 часот ќе се одиграат трите бараж натпревари за пополнување на ВМФЛ за сезоната 2023/24. Интересно е тоа што од сите шест екипи, дури пет ќе се најдат во втората лига, значи победниците и две од трите поразени.

Во Кичево се игра натпреварот меѓу Новаци и Вардар Неготино, две екипи кои пред извесно време настапуваа во второлигашкото друштво.

Во Скопје, на стадионот “Борис Трајковски“ се среќаваат Осогово и Тетекс, екипи кои некогаш во самостојна Македонија играа и во елитата, тетовци имаат и два пехари во Купот на Македонија а играа и во Европа. Да кажеме дека од сите овие шест екипи само “штофарите“ лани играа во ВМФЛ, сите останати се победници во своите региони.

И во Тетово се среќаваат екипите на Башкими и Влазерими, некогашни прволигаши а кумановци во 2005 година биле и куп победници и играа во Европа.

Да кажеме дека ждрепката за тоа кои две екипи од поразените ќе играат следната сезона во ВМФЛ ќе се одржи утре или задутре.

Инаку тие пет екипи ќе им се придружат на овие тимови за наредната сезона во ВМФЛ: Скопје, Победа, Пелистер, Детонит, Беса, Охрид, Арсими, Кожув, Беласица, Караорман, Каменица Саса, што значи и наредната сезона ВМФЛ ќе брои 16 екипи.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 17 Ч

Кичево: Новаци – Вардар Неготино

Скопје: Осогово – Тетекс

Тетово: Башкими – Влазерими

*Во случај на нерешен резултат веднаш ќе се изведуваат пенали

ПретходноКонечно, стартува финалето: МЗТ Скопје во „лов“ на „десетката“, Пелистер сонува за историја!
СледноБутел Скопје ќе учествува на првиот меморијален турнир „Денис Тот“