Франк Лампард заминува, а Маурицио Покетино го презема кормилото на Челзи. „Сините“ разнижани од лошите резултати сезонава и катастрофалниот пласман без излез во Европа одлучија да прават реконструкција во текот на летото.
Беше јасно дека Лампард ќе остане до завршување на сезоната, а тој не донесе никакви промени во екипата, па сега работата ќе ја средува Покетино кој имаше одлични резултати како менаџер на Тотенхем.
Покетино уште пред две недели се договорил со Челзи за договор до јуни 2026 година, откриваат англиските медиуми.
Тој ќе стартува со работа на „Стемфорд Бриџ“ идната недела.
Претходниот клуб на Покетино беше ПСЖ, претходно работеше во Тотенхем, Саутемптон и Еспањол.