По се она што вчера се случи на Детската лига на терените на ФФМ, како што ексклузивно објави “Спортмедиа“, кога лица на Шкендија го тепале судијата Горан Милошевски, се огласи и Министерството за внатрешни работи во својот билтен.
Имено настанот се случич нешто пред 10 часот, а тепаниот пријавил во полиција по што имало поведено постапка. Инаку Милошевски завршил во болница.
А еве што велат од МВР:
„На 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион “Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.