Слога Добој славеше со 2:1 над Борац Бања Лука во првенството на БиХ, а еден од головите го постигна македонскиот интернационалец Марио Крстовски.
Поранешниот играч на Академија Пандев го постигна првиот гол на натпреварот во 45 минута.
Тоа е деветти гол на Крстовски сезонава во најсилниот шампионат на БиХ.
Слога со оваа победа го обезбеди опстанокот.