По вчерашниот успешно одигран бараж дуел, тимот на Лутон за прв пат во својата историја ќе игра во Премиер лигата која, како што е добро познато е форимрана во 1992 година.
Овој мал клуб, од предградието на Лондон испиша историја со пласманот во највисок ранг но тоа со себе носи и момент кој тешко дека некој го замислувал.
Лутон настапува на стадион кон е стар повеќе од еден век, и кој има капацитет од само десетина илјади гледачи.
На истиот за потребите на Премиер лигата му се потребни сериозни репарации, за да минимум ги исполни стандардите на најдобрата лига во светот.
Целата репортажа направена за стадионот на Лутон погледнете ја во продолжение, а видеото ќе ви разбуди и повеќе од доволно носталгија, за некои други вфудбалски времиња, кои очигледно како времеплов доаѓаат со тимот на Лутон, новиот Премиерлигаш.