Навивачите на Хамбургер славеа промоција во Бундес, а потоа дознаа дека не се пласираа

5326

Луд финиш и во Втората германска лига. Хајденхајм е најсреќниот затоа што од место во баражот успеа да скокне на првото место на табелата и да се пласира во најсилната германска лига – Бундес лигата.

Интересно беше во финишот на мечевите.

Хамбургер победи на својот меч со Сандхаузен со 1:0. Навивачите се симнаа на теренот прославувајќи пласман затоа што Хајденхајм во тие моменти имаше негатива од 2:1. А потоа молк…  Фудбалерите на Хајденхајм постигнаа два гола во 93. и 97. минута и победија и го турнаа Хамбургер на третото место кое води во баражот.

Хајденхајм го освои првото место и ќе дебитира во Бундес лигата, а во елитата ќе игра и Дармштат кој претходно избори промоција, додека Хамбургер заврши третопласиран и ќе игра бараж со Штутгарт за место во Бундес.

Хајденхајм од 2014 година се натпреварува во Цвајте (Втората Бундес лига) и дури сега успеа да избори промоција во најсилната лига. Минатата сезона не успеа преку баражот, а оваа сезона како шампион влегува во елитата.

ПретходноВерстапен издржа на ненадејниот дожд и триумфираше во Монако
СледноИ МВР се огласи по повод скандалот на Детската лига: Две лица го тепале судијата!