Немири во Шведска: Навивачи влегоа на терен, полицијата ги бркаше со кучиња (ВИДЕО)

339

Зачестија инцидентите на стадионите во Скандинавија. По немирите пред десетина дена во Данска, сега навивачите влетаа на терен и за време на мечот од шведската елита меѓу Дјургарден и АИК Стокхолм.

Дјургарден поведе со 1-0 по 82 минути игра, по што играчите на АИК, Аксел Бјорнстром и Ерик Отиено добија црвени картони. Навивачите лути на одлуките, влетаа на теренот и почнале да се пресметуваат со полицијата. Инцидентите се преселиле и во гостинските сектори на стадионот.

Полицијата морала да интервенира со кучињата и палки. Ова доведе до долг прекин на натпреварот, кој продолжи откако трибините биле испразнети.

ПретходноСмртни закани за фудбалерот кој наводно го „намести“ Ван Нистелрој во ПСВ
СледноЖиру за победа на Милан во Торино и потврда на местото во ЛШ (ВИДЕО)