Рафаел Гереиро ја напушта Борусија Дортмунд по 7 години поминати во клубот. Фудбалерот го напушта клубот како слободен играч, откако договорот му истекува на 30 јуни 2023 година.
„По седум прекрасни години, време е да се збогуваме со голема тага. Сеќавањата што ги добив овде ме научија многу и исто така ми помогнаа многу да сфатам што точно сакам во фудбалот. Ова збогување е најтешкиот дел од мојата кариера, судејќи по возбудата што ја почувствував влегувајќи на теренот на овој прекрасен стадион. Верувајте, никогаш нема да ги заборавам чувствата што ги доживеав кога играв за овој клуб и ги бранев боите на Борусија! Ви благодарам!” напиша Гереиро.
29-годишниот лев бек стана најдобар асистент во Бундеслигата оваа сезона со 12 асистенции во 27 натпревари.