Шахтјор Доњецк го совлада Дњипро со 3:0 во претпоследното 29.коло од Премиер лигата и стана шампион на Украина. Шахтјор има 72 бода, осум повеќе од второпласираниот Дњипро со што ја прослави новата шампионска титула.
Тоа е 14-та титула за Шахтјор, а прва по 2020 година. На вечната листа само Динамо Киев има повеќе од нив – 16.
Шахтјор ќе игра во групната фаза од ЛШ идната сезона.