Барселона, гордоста на Каталонија со емотивно видео се прости од “Камп Ноу“. Имено во следните три години овој стадион ќе претрпе реконструкција, која ќе чини 2 милијарди евра, и ќе биде со капацитет од 105.000 седишта. Според најавите ќе биде еден од најубавите во Европа, и секако најголем.
Овој “Камп Ноу“ Барса го користи цели 65 години.
Во време на реконструкцијата Барселона своите натперевари ќе ги игра на “Монжуик“ кој собира само 56.000 седишта.
Барса на новиот „Камп Ноу“ ќе се врати во 2026 година.
👋🏟️ #FinsAviatSCN pic.twitter.com/hKKuLLxAcA
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 28, 2023