И официјално вториот финален дуел меѓу МЗТ Скопје и Пелистер е закажан за во среда (31.05) во СЦ „Јане Сандански“. Актуелниот бранител на титулата вчера убедливо ги совлада битолчани со 84-64 и поведе во серијата „прв до три победи“.
Од оваа средба нема да има директен пренос на МРТ. Иако и МЗТ Скопје и Пелистер беа известени дека во среда е невозможно да се врши пренос од мечот, сепак и двата тима одлучија да го одиграат вториот натпревар во среда.
Причината поради која МРТ не може да прави директен пренос се машката и женската одбојкарска репрезентација. Дамите играат против Летонија (17:30 часот), додека пак мажи играат со Белгија во 20:15 часот, па термините веќе се зафатени, секако предност имаат националните селекција.
Оние кои нема да дојдат во сала, мечот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер нема да можат да го гледаат мечот ниту на јутуб, засега на официјалната страница на КФСМ стои само линк од статистика во живо.