Ливерпул се сеќава: 38 години од страшната трагедија на „Хејсел“

66

Англиски Ливерпул денеска се сеќава на 39-те фудбалски навивачи кои на денешен ден пред 38 години ги загубија животите на стадионот „Хејсел“ во Белгија.

Катастрофата се случи пред финалето на Купот на европските шампиони меѓу Ливерпул и Јувентус на 29 мај 1985 година, кога настаните во блокот З на стадионот трагично доведоа до смрт на 39 луѓе, а стотици други беа повредени.

Во знак на почит кон загинатите, денеска ќе бидат поставени венци крај спомен плочата на трибината „Сер Кени Далглиш“ на Енфилд. Знамињата на сите клупски простории ќе бидат на половина копје во текот на денот.

„Ова е потресен и важен ден во историјата на нашиот клуб и ден на кој се собираме да им оддадеме почит на 39-те луѓе кои ги загубија животите во Хејсел и да се потсетиме на сите оние кои беа погодени од оваа трагедија“, изјави директорката за комуникации на Ливерпул, Сузан Блек.

ПретходноУтре е ждрепката за пополнување на ВМФЛ!
СледноВардар 1961 речиси две децении не паднал толку ниско во мак-шампионатот!