Израелецот Барак Бахар од денеска и официјално е нов тренер на Ц. Звезда, на старо – новиот српски шампион и учесник во групната фаза во Лигата на Шампионите за сезоната 2023/34. Одбран е 29 мај или 32 години по Бари, кога Ц. Звезда стана европски шампион со голот на Македонецот Дарко Панчев во пенал – серијата.
Во манир на гоем светски клуб, како што и доликува, челниците на балканскиот гигант го претставија својот нов стратег, а притоа беше пуштено на социјалните мрежи и специјално видео.
Бахар доаѓа од тимот на Макаби Хаифа, каде што беше три сезони и каде што направи бум.
Израелецот и Ц. Звезда потпишаа тригодишен договор, а целта е јасна, да се направи нешто во ЛШ, а не само да се игра епизодна улога како што досега беше случај. Српскиот шампион верува дека со Бахар и но неколкуте засилувања, Ц. Звезда ќе биде уште посилна.
Neka nas svet čuje! Naša igra, naša muzika, naša simfonija. Ovo je Zvezda!
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/XbLtAVOKeG
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) May 29, 2023