Салихамиџиќ ќе “лапне“ 8 милиони евра од Баерн, а потоа ќе биде спортски директор на Јуве!

1556

Хасан Салихамиџиќ пред два дена, веднаш по освојувањето на титулата, доби отказ од Баерн Минхен. Популарниот Брацо, кој на оваа функција беше од 2017 година, ќе добие отштета од 8 милиони евра ако се знае дека тој со “баварвите“ имаше договор до 2026 година.

Откако не е веќе во германскиот гигант, барем според пишувањето на медиумите во Италија, до него дошла понуда од Италија, и тоа од Јуве за нов спортски директор на клубот од Торино.

Инаку познато е дека Брацо во Јуве беше како играч од 2007 до 2011 година.

ПретходноЧави: Меси во Барселона? Само од него зависи…
СледноФеран Торес ја откачи ќерката на Луис Енрике!