Толку од ѕвезденото три на ПСЖ: Нејмар и Меси не беа на прославата на титулата

1791

Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар повеќе нема да ги гледаме заедно во дресот на ПСЖ. Тоа стана јасно изминатиот викенд по случувањата кои ги приредија двајца членови на ова ѕвездено трио.

За разлика од Мбапе кој беше избран за најдобар играч во Лига 1 и по добивањето на наградата, практично пред новинарите потврди дека неговата иднина е во Париз, Нејмар не отпатува со тимот во Стразбур за да ја прослави 11-та титула во клупската историја, туку си замина на Формула 1 трката во Монте Карло, а Меси беше виден на концерт во Барселона.

Бразилецот не отиде на прославата, но затоа замина на гламурозната Формула 1 трка во Монте Карло и потоа на забава во друштво на свои пријатели и други познати личности.

Меси, пак, со недели е практично насекаде освен во Париз. Тој вчера бил во Барселона каде присуствувал на концерт. Тоа само по себе најавува дека и двајцата со двете нозе се веќе на излезна врата од „Паркот на принцовите“.

ПретходноКанада е нов светски шампион во хокеј, Американците останаа без медал
СледноДе Лаурентис потврди: Спалети сам ми рече дека сака да си замине