ФИНАЛЕН ТУРНИР-М18-MAЖИ: Титулата во рацете на Вардар!

174

Во големото финале на јуниорската лига, исполнето со голем број на резултатски промени, Вардар го победи Водно Санс со 85-77 и го освои трофејот.

„Врвено-црните“ во драматичен финиш подобро се снајдоа од својот противник. На 35 секунди до крајот беше 77-79, Димитриев, па Лукановски одговорија на предизвикот, зголемија на 81-77. А по нереализираниот обид на Трајанов, играчот со најмногу грешки во претходните минути, Лаковски, со четири поени по ред, му ја донесе титулата на Вардар.

МВП признанието го доби играчот на Вардар, Павел Иванов. Во финалниот меч беше еден од клучните во серијата која го донесе неговиот тим до титулата. На крајот, за 34.45 минути во игра, реализираше дабл-дабл ефект, изразен преку реализација на 20.поени (8/11 за два поени), 11 скока, дополнети со три асистенции, три загубени, две освоени топки и две блокади.

М18 ЛИГА-MAЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Работнички – Вардар      73:78

Водно Санс – Феникс баскет    81:59

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Работнички – Феникс баскет    77:65

ФИНАЛЕ

Вардар – Водно Санс      85:77

 

Претходно“Бомба“: Пеп го убедувал Нејмар да се пресели во Сити!
СледноБарса со емотивно видео се прости од “Камп Ноу“! (ВИДЕО)