Разрешениот извршен директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, изненадувачки изјави дека се уште не дефинитивно еговото заминување од германскиот шампион.
„Ќе седнеме кога сè ќе се олади целата оваа ситуација и ќе разговараме за сè во мир“, изјави Кан за весникот „Билд“ .
Кан вели дека работел професионално и очекува од Баерн да добие таков третман и во следниот период на преговори.
„Ја презедов оваа одговорност затоа што сакав да му вратам нешто на клубот. Тоа не беше лесна задача по многу успешното време со Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге. Дури и ако моменталната ситуација не е лесна, многуте одлични искуства со Баерн ги надминуваат овие негативните“, вели Кан.
Претходно, претседателот Херберт Хајнер вербално му подаде рака на Кан со изјавата дека секогаш се подготвени за разговор и помирување.