Повеќе од јасно е дека иднината на Нејмар не е во ПСЖ. Бразилската мега – ѕвезда во моментов е на рехабилитација по операцијата по теш-ката повреда, но во претстојниот преоден рок се разбира дека ќе мора да си бара нов клуб. Иако има договор со клубот од Париз, Нејмар не е веќе пожелен меѓу “светциите“.
Инаку денеска медиумите во Франција најавија вистинска трансфер “бомба“. Имено на Бразилецот телефонски му се јавил Пеп Гвардиола со цел да види какви се шансите Нејмар евентуално да дојде во Манчестер Сити. Се наведува дека овој транссфер вериојатно тешко дека ќе се оствари, но кој знае.
Пеп го респектира и почитува Нејмар, Сити има пари за таков играч а Бразилецот ќе може во еден таков ѕвезден тим да се пронајде себе си.
Халанд, Нејмар, Алварез, Фоден, Грилиш, Марез…каков ли напад Гвардиола би имал и со Бразилецот во тимот.