Екипата на Шефилд Венздеј се врати во Чемпионшип дивизијата по драматичната победа над Барнсли во финалето на плејофот одигран на „Вембли“. Популарните „бувови“ го победија противникот со 1:0 со гол на Џош Виндас со глава во последните секунди од второто продолжение или поточно во 123. минута.
Интересно, и неговиот татко Дин Виндас пред 15 години постигна гол на ист начин помагајќи му на Хал Сити да стигне до Премиер лигата.
Шефилд Венздеј е поранешен премиерлигаш, а сега се враќа во Чемпионшип по две сезони поминати во Лига 1. Инаку последен пат Венздеј играл во најсилната англиска лига во сезоната 1999/2000.
Претходно место во Чемпионшип изборија Плимут како најдобри во Лига 1 и второпласираниот Ипсвич Таун.
JOSH WINDASS SENDS SHEFFIELD WEDNESDAY BACK TO THE CHAMPIONSHIP!!!!!!!!!!! pic.twitter.com/0OEs3WpbdB
— Mr Matthew CFB (@MrMatthewCFB) May 29, 2023