Ракометната завеса во домашниот шампионат е спуштена. Оваа сезона дефинитивно беше возбудлива, исполента со бројни пресврти во битката за титулата. Пехарот после 18 години замина во Битола, Пелистер успеа да стави крај на долгиот „пост“ и воедно да се врати во Лигата на шампиони.
Битолчани го искористија киксот на Вардар против Алкалоид, веќе на реванш мечот не дозволи поинакво сценарио. После поразот во Битола, се чинеше дека до крајот нема да изненадувања, па дури и самиот Владо Недановски по освојувањето на Купот на Македонија, изјави дека ништо не е завршено во титулата и дека чуда се случуваат.
Овој пат се случи нешто за што ниту самите „црвено-црни“ не сонуваа. Иако имаа добро поткован состав, сепак киксираа на првата пречка, Ремизираа во Кавадарци и го ставија Алкалоид да се бори за второто место.
Избраниците на Кирил Лазаров максимално ја искористија оваа шанса, му го нанесоа вториот пораз на Вардар и го симнаа на третата позиција.
Најтрофејниот ракометен тим немал ваков пласман речиси две децении, поточно во сезоната 2004/05 кога заврши како четврт по поразот од Младост Богданци. Тоа четврто место е најслабиот пласман од моментот кога ја освои својата прва шампионска титула во сезоната 1998-1999.
Најслабиот пласман на Вардар во домашното првенство е во сезоната 1995-1996. Тогаш црвено-црните завршија на седмото место од вкупно осум екипи.
Третото место за Вардар значи и елиминација од СЕХА-лига, ако се оди според пропозициите, првакот и вицеправкот ќе играат во ова натпреварување. Секако сето ова може да се промени, бидејќи „црвено-црните“ се од првата сезона во регионалната лига.
Вардар со третото место остана без директен пласман во групната фаза во Европската лига, таа привилегија му припадна на Алкалоид, ќе мора да игра квалификации, но истите не значи дека може да ги помине, таму има многу нагазни мини, односно квалитетни тимови.
Проблемите кои ги има Вардар на крајот си го сторијата своето. Двократниот европски првак дојде до алармантна точка. Раководството ќе мора да направи стратегија, бидејќи брендот се претвори во сивило, нешто што не смее да се случи за еден ваков тим, кој газеше низ Европа.