Ветераните Роналдо и Пепе ќе играат за Португалија во квалификациите за ЕП 2024

167

Кристијано Роналдо и Пепе се вклучени во репрезентацијата на Португалија за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2024. Португалија на 17 јуни и на 20 јуни ќе игра против БиХ односно Исланд, а во тимот ќе ги има 38-годишниот голгетер на Ал Наср и 40-годишниот дефанзивец на Порто.

Така одлучи новиот селектор Роберто Мартинез кој очигледно барем на стартот да се потпре на искусните за кои смета дека се лидери на оваа екипа на Португалија. Роналдо ќе има можност да ги подобри рекордите во националниот тим, тој е најдобар стрелец но и играч со најмногу настапи.

Португалија има десет играчи од англиската Премиер лига. Роналдо е единствениот кој игра надвор од Европа.

Дебитант е дефанзивецот на Вулверхемптон Тоте Гомеш, роден во Гвинеја-Бисау, но израснат во Португалија и има португалско државјанство.

Во тимот ги нема дефанзивецот на ПСЖ, Нуно Мендеш кој е повреден, како и Жоао Марио кој се откажа од настапите за националниот тим.

СОСТАВОТ НА ПОРТУГАЛИЈА

ГОЛМАНИ: Диого Коста, Хозе Са, Руи Патрисио
ОДБРАНА: Антонио Силва, Данило Переира, Пепе, Диого Далот, Гонкало Инасио, Жоао Кансело, Нелсон Семедо, Рафаел Гуреиро, Рубен Диас, Тоте Гомеш.
СРЕДЕН РЕД: Бруно Фернандеш, Бернардо Силва, Жоао Палиња, Отавио, Ренато Санчез, Рикардо Орта, Рубен Невеш, Витиња.
НАПАД: Кристијано Роналдо, Диого Жота, Гонкало Рамос, Жоао Феликс, Рафаел Леао.

ПретходноТен Хаг: Без инвестиции Манчестер Јунајтед нема шанси да освојува трофеи
Следно„Бувовите“ се вратија во Чемпионшип со гол во 123 минута! (видео)