Е. Пелистер се раздели со седум ракометари

1081

Со заеднички спомени, многу емоции и свечени подароци Е. Пелистер се раздели со дел од ракометарите кои на крајот од оваа сезона го напуштаат клубот.

Синоќа битолчани имаа гала свеченост на која ја прославија и титулата, но им се заблагодарија на дел од ракометарите чиишто договори истекуваат и нема да бидат продолжени. Од годинашниот шампионски тим на Е. Пелистер заминуваат Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски.

Од клубот информираа дека по истекот на договорите, Еурофарм Пелистер 2 го напуштаат Мартин Јовановски и Никола Стоилевски.

ПретходноДе Лаурентис потврди: Спалети сам ми рече дека сака да си замине
СледноПречек за фудбалерите: Неготинци го славеа пласманот во ВМФЛ (ФОТО+ВИДЕО)