Иако направи чудо, Обрадовиќ може да добие отказ!

636

Саша Обрадовиќ направи чудо со Монако, но сега клубот гледа во други тренери и по се изгледа нема да го задржат следната сезона.

Српскиот тренер може изненадно да добие отказ во Монако и покрај одличната сезона, пишува италијанскиот новинар Матео Андреани од порталот „Basket Inside 360“. Монако наводно нема намера да ја продолжи соработката со Обрадовиќ и веќе разговара со потенцијалните наследници, па пред се се споменуваат Чави Пасквал и Андреа Тринкиери.

Информациите се многу изненадувачки ако се знае дека Обрадовиќ направи чудо со Монако оваа сезона и ги однесе на фајналфорот на Евролигата каде што завршија на третото место. Во полуфиналето загубија од најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Олимпијакос, а потоа ја победија Барселона за утешното трето место. Исто така Монако во моментов е најдобриот тим во францускиот шампионат, но може да има проблеми за кои пошироката јавност не е запознаена.

 

ПретходноВо Реал Мадрид се сомневаат дека Карим Бензема подготвува големо предавство!
СледноНовак “експрес“ на стартот на Ролан Гарос!