И општина Ѓорче Петров ќе му помага на Вардар!

3000

Вардар од ден на ден добива се поголема поддршка и помош. Секако дека за тоа најзаслужни се неговите верни фанови, “Комитите“ кои го преземаа клубот и кои имаат намера колку толку најтрофејниот во Македонија да го донесат до ниво до кое тој заслужува.

Денеска тие имаа работна средба со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на која е донесена одлука за помош на Вардар.

Првиот човек на општината Ѓорче Петров, Стојкоски по тој повод се огласи на својот ФБ профил:

ФК Вардар е најголемиот фудбалски и спортски бренд во Република Македонија и тој мора повторно да блесне во истиот сјај и да се издигне на пиедесталот.

Денес на средбата со претставниците од навивачката група Komiti Skopje кои што во изминатиот период макотрпно работат на издигнување на клубот, но и на националната свест, договоривме фудбалскиот клуб Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково, каде што ќе тренираат младинските категории и сите оние кои што ќе имаат потреба од теренот.

По убавата вест за влегувањето на клубот во првата македонска фудбалска лига, оваа помош од Општина Ѓорче Петров ќе придонесе во решавањето на проблемите на ФК Вардар на долг рок.

Наш императив е поддршка и развој на спортот, а ситуацијата на ФК Вардар е вистинска можност да покажеме човечка и спортска емпатија. Токму поради тоа се одлучивме на овој чекор.

Вардар е Македонија, Македонија е Вардар!

ПретходноОсумметарска бронзена статуа на најуспешниот тренер на Ривер Плата поставена пред „Монументал“
СледноВо Реал Мадрид се сомневаат дека Карим Бензема подготвува големо предавство!