„Милиет“: Бјелица го стави Барди на „црниот список“

5921

Турскиот шампион Трабзонспор кој оваа сезона одигра разочарувачки и не успеа на коло пред крајот да се најде ниту во ТОП 5 на табелата, најави драстични промени во тимот за следната сезона. Турски „Милиет“ денеска пишува дека тренерот на тимот Ненад Бјелица на раководството му доставил список од четворица фудбалери кои летово треба да си заминат од тимот. Едно од имињата на овој „црн список“ на Бјелица е и нашиот репрезентативец Енис Барди.

Управата на Трабзонспор побарала од Бјелица да се растовари списокот за плати, кој оваа година изнесуваше 41 милион евра, а со тоа и да се ослободат дел од непотребните играчи. Хрватскиот стратег на листата за заминување го ставил имињата на Макси Гомез, Енис Барди, Стефано Денсвил и Јенс Страјгер Ларсен. Уште едно од имињата кое се споменува на листата за заминување е и Трезеге. За Барди турските медиуми веќе пишуваат дека може да се врати во Шпанија.

ПретходноФудбалер на Ајакс му удри бокс на навивач, па потоа се извини (ВИДЕО)
СледноБаерн му даде отказ, но тој не планира да си замине: Ќе разговараме кога сето ова ќе се смири