Новак “експрес“ на стартот на Ролан Гарос!

140

Новак Ѓоковиќ попладнево имаше успешен старт на Ролан Гарос. Тој со 3:0 во сетови го победи Американецот Александар Ковачевиќ кој има српско потекло. Во текот на целиот меч кој вкупно траеше 2,5 часа, Новак ја имаше иницијативатам беше доминантен, добро изгледаше на теренот „Филип Шатрие“. Првиот сет Новак го доби со 6:3 во гемови, потоа вториот со 6:2 за да во третиот како малку да подзастана, но сепак во тајбрејкот успеа со 7:1 да му покаже на Ковачевиќ кој е кој и да се пласира во следното 2.коло на овој турнир.

ПретходноИако направи чудо, Обрадовиќ може да добие отказ!
СледноДинамо Загреб во голем стил му го честиташе роденденот на својата легенда – Аријан Адеми! (ФОТО)