Фудбалерите на Вардар Неготино вчера во Кичево по подобро изведување на пенали (4:3) го совладаа тимот на Новаци и обезбедија пласман во Втората македонска фудбалска лига следната сезона. Радоста која им ја приредија на своите навивачи, неготинци ја прославија со пречек на своите миленици до доцна во ноќта.
Неготино следната сезона ќе има второлигаш со сериозни амбиции и за нов прогрес кон елитата.