Промоција: Ц. Звезда го претстави својот нов тренер Барак Бахар! (ВИДЕО)

274

Израелецот Барак Бахар од денеска и официјално е нов тренер на Ц. Звезда, на старо – новиот српски шампион и учесник во групната фаза во Лигата на Шампионите за сезоната 2023/34. Одбран е 29 мај или 32 години по Бари, кога Ц. Звезда стана европски шампион со голот на Македонецот Дарко Панчев во пенал – серијата.

Во манир на гоем светски клуб, како што и доликува, челниците на балканскиот гигант го претставија својот нов стратег, а притоа беше пуштено на социјалните мрежи и специјално видео.

Бахар доаѓа од тимот на Макаби Хаифа, каде што беше три сезони и каде што направи бум.

Израелецот и Ц. Звезда потпишаа тригодишен договор, а целта е јасна, да се направи нешто во ЛШ, а не само да се игра епизодна улога како што досега беше случај. Српскиот шампион верува дека со Бахар и но неколкуте засилувања, Ц. Звезда ќе биде уште посилна.

ПретходноОфицијално: Покетино е нов стратег на Челзи! (ФОТО)
СледноКола и куќа посака добитничката на рекордниот СУПЕР МИЛИОНЕР на ВИДЕОЛОТАРИЈА!