Само како утеха: Белингем е играч на сезоната во Бундеслигата

94

Ако е некаква утеха за загубената титула, играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, е прогласен за „Играч на сезоната“ во германското првенство. Веста денеска ја потврди Бундеслигата.

19-годишниот плејмејкер и Борусија ја испуштија титулата во последното коло, но играчот од средниот ред со одличната сезона покажа дека ја заслужува наградата. Тој постигна вкупно 14 гола и имаше 7 асистенции во тековната сезона во германската елита.

Англискиот интернационалец, кој е младински играч на Бирмингем, веќе го одигра последниот натпревар за Борусија и на лето ќе се пресели во Реал Мадрид.

ПретходноМиленкоски: Украина беше пресилна, но ме радува посветеноста ќе биде подобро
СледноБез директен ТВ пренос од втората финална пресметка меѓу МЗТ Скопје и Пелистер!