Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг зборуваше за иднината на Манчестер Јунајтед но посочи и што треба да се направи за екипата да може да биде конкурентна за титулата. „Црвените ѓаволи“ завршија како третопласирани и ќе играат во Лигата на шампионите.
„Клубот многу добро знае дека ако сакаме да напредуваме понатаму, ако сакаме да бидеме меѓу четирите најдобри, ако сакаме да се бориме за трофеи во вака силно првенство, тогаш ни требаат инвестиции, во спротивно немаме никакви шанси. Ми кажаа дека во текот на зимата клубовите околу нас инвестирале огромни суми пари во своите тимови. Ние не го направивме тоа, но сепак го освоивме третото место на првенството, па затоа сум многу среќен и благодарен сум на мојот тим“, изјави тренерот.