Сезоната бр.31 или 2022/23 во ПМФЛ заврши уште пред две недели. Познато е дека Струга Трим Лум е новиот и тоа сензационален шампион на Македонија, стружани иако постојат само 8 години, ете сега и официјално се најдобриот фудбалски клуб во нашата земја.
Колку беше доминанта Струга ТЛ во изминитата сезона се гледа од фотографијата на која графички е покажано како изгледала табелата од 1 па се до последното, 33 коло.
Може убаво да се види дека стружани го запоседнаа врвот уште на стартот кога тогаш тренер беше Срѓан Захариевски, па се до крајот кога во последните 11 кола стратег беше Шпетим Дуро.
Сите останати клубови кои играа во минатата сезона во ПМФЛ, како што се гледа од табелата, имале подеми и падови, но само Струга Трим Лум сезоната имаше своја константа.
Прва во првото коло и така се до 33 коло…
Супериорност и доминација, на крајот заврши со +10 пред вториот Шкупи.