Чави Ернандез е новиот херој на Барса. По пауза од четири години играчката легенда на каталонската гордост, сега како тренер ја донесе титулата на “Камп Ноу“.
Запрашан од новинарите што има ново со евентуалното враќање на Лео Меси во Барса, тој одговори…
„Му кажав на претседателот дека враќањето на Лео Меси во Барселона и тоа како има смисла. Без никакви дилеми тој е совршен за нашиот систем и за нашата идеја, пред се мислам на тактички план. Е, сега, неговото враќање зависи од самиот Лео. Тој треба да одлучи, јас постојано сум во контакт со него, но реков, од Лео зависи дали ќе игра следната сезона во Барселона“ посочи стратегот на Барса.