Фудбалерот на Барса ја прекина врската со Сира Мартинез, инаку ќерка на Луис Енрике, екс – селекторот на Шпанија и некогашен стратег на Барселона, Рома…
Феран и Сира беа во врска две години, а за тоа време фудбалерот беше постојан и незаменлив дел од репрезентацијата на Шпанија кога таткото на неговата девојка беше селектор. Сега веќе не е така.
Па така зајадливите коментари во шпанските медиуми велат дека тој не е веќе со Сира поради фактот дека и Луис Енрике не е веќе селектор на “Црвената Фурија“.