Канада е нов светски шампион во хокеј, Американците останаа без медал

206

Хокеарите на Канада се новите светски шампиони. Во финалето во Тампере одиграно синоќа, Канада ја совладаа Германија со 5:2.

За Канада ова е 28. титула на светските првенства, со што ја мина Русија со која претходно го делеа првото место со по 27 трофеи. За Германија ова беше шанса за првпат да се освои златен медал, а воедно и прв медал по 70 години чекање.

Интресно е што Германците двапати водеа, но Канаѓаните на крајот направија пресврт и стигнаа до убедлив триумф. Американците останаа без медал откако во мечот за бронзениот медал загубија од Летонија со 4:3 по продолженијата.

ПретходноЧетврта година по ред: Бензема е најдобар Французин во Европа
СледноТолку од ѕвезденото три на ПСЖ: Нејмар и Меси не беа на прославата на титулата