По се она што се случува на север од нас, поточно во Косово, пд Париз своја порака испрати и Новак Ѓоковиќ. Србинот по тие 3:0 и триумфот над Александар Ковачевиќ во првото коло од Ролан Гарос, на екранот од камерата напиша:
“Стоп на насилството. Косово е срцето на Србија“.
Се разбира дека ова наиде во воодушевување кај српскиот дел, а како ли ќе реагираат Албанците на Косово допрва ќе видиме. Можеме само да претпоставуваме.