На тековниот У17 европски фудбалски шампионат кој се одржува во Унгарија го имаме првиот финалист. Тоа е репрезентацијата на Германија која што во полуфиналето беше подобра од Полска со конечни 5:3.
Иако полјаците поведоа, сепак Германија се покажа како сериозно квалитетен противник и на секој погодок на противникот реагираше со свој. Конечно при резултат 3:3, „Панцирите“ внесоа во „брзина“ повеќе и со два гола во серија обезбедија пласман во големото финале.
Второто полуфинале се игра вечерва од 20:00 часот, а се среќаваат, Шпанија и Франција.