АС: Бензема има нов клуб и 400 милиони евра плата за две години

8235

Како што пишува денешното издание на АС, засега анонимен ултра богат клуб од Заудиска Арабија, планира да го ангажира летово Карим Бензема и да му понуди две годишна плата во 400 милиони евра.

Во исто време како што пишува АС, планот на клубот е Бензема кој веќе има 35 години да го направи и амбасадор за кандидатурата на Саудиска Арабија за домаќинот на Мундијалот во 2030 година.

АС додава дека Бензема периодов се однесува уште по интровертно од вообичаеното, и го немаше на прославата на Купот. Тоа само додава уште повеќе „оган“ на сите шпекулации дека тој го одигра своето во Реал Мадрид.

 

ПретходноЛиверпул и официјално го назначи Шматке за спортски директор
СледноГерманија е првиот финалист на У17 шампионатот