Ѕвездата на Мајами Хит, Џими Батлер, на прашањето како неговиот тим ќе го заддржи српскиот центар од Денвер Нагетс, Никола Јокиќ во финалето на НБА лигата, изјави дека се уште нема поим.
„Како да го задржиме Јокиќ? Не знам. Имам уште два дена да го средам тоа, а сите имаме два дена пред првиот натпревар. Можеме да уживаме до полноќ, а потоа ќе стигнеме до Нагетс. Така, на ова ќе ви одговорам следниот пат кога ќе разговараме, мислам во среда“, рече Батлер на прес-конференција.
Мајами Хит во полуфиналето ги победи минатогодишните финалисти Бостон Селтикс со 4-3, а Денвер Нагетс беше убедлив со Лос Анџелес Лејкерс – 4-0.